Мисијата на ОН за Иран: Смртта на Махса Амини е незаконска и предизвикана од насилство

by Fokus

Независната меѓународна мисија за утврдување факти на Обединетите нации за Иран денеска објави дека смртта на Махса Амини во притвор на иранската полиција за морал е незаконска и предизвикана од насилство.

Протестите во септември 2022 година во Иран беа придружени со „грозоморно кршење на човековите права“, вклучително и егзекуции без судење, произволни апсења, тортура, силување и сексуално насилство, рече шефицата на мисијата, Сара Хосеин.

– Извршена е во контекст на широко распространети и систематски напади врз жени и девојки, како и врз други лица кои изразиле поддршка за човековите права – рече Хосаин и додаде дека некои од овие злосторства достигнале ниво на злосторства против човештвото.

– Тешко е да се разбере дека во 21 век, пристапот на жените до основните услуги и можности, како што се училиштата, универзитетите, болниците и судовите, или можностите за вработување во државата и другите сектори, подлежат на произволно барање да носат хиџаб – рече Хосеин.

Смртта на 22-годишната Махса Амини во септември 2022 година додека беше во полициски притвор за морал, предизвика протести низ целата земја. Во извештајот на иранскиот патолог за нејзината смрт од октомври истата година, се наведува дека Амини не умрела од удари во главата и екстремитетите, туку од откажување на повеќе органи поради церебрална хипоксија.

Поврзани новости