Мишко Иванов се повлече од уредувачката позиција во ТВ24

by fokus

Новинарот и еден од уредниците во ТВ 24, Мишко Иванов, се повлече од уредувачката позиција откако некои медиуми објавија дека неговата сопруга, Тања Стојановска, ја прифатила функцијата како член на Извршниот одбор на СДСМ. Мишко Иванов е инаку член на Управниот одбор на Здружението на новинари на Македонија.

„Сакам да ве информирам дека после сите случувања изминатава недела, јас Мишко Иванов, новинар од 1997 година, досега без ниту една дамка во својата кариера, поради политичкиот и партискиот ангажман на мојата сопруга во ИО на СДСМ, се повлекувам од уредување на Вести и Дневник, а и од политички соочувања. Прво, не сакам да го нарушам угледот на телевизјата кој се гради со години, а второ и мојот морален и етички моментум не ми дозволува да бидам уредник на Дневник или пак да водат политички и економски дебати.. Останувам во ТВ 24 и фокусот го насочувам исклучиво кон моето милениче „Патот до Успехот“, емисија наградувана, гледана и респектирана, што ми е посебна сатисфакција. Оваа одлука ја донесов веднаш по прифаќањето на политичката функција на мојата сопруга. Ја објавувам денес, чекајќи да видам до каде ќе отидат со плукањата моите колеги. Благодарност од менаџментот и уредничкиот тим на ТВ 24 кои најдоа разбирање за оваа моја одлука. Новинар сум бил, новинар и ќе останам и никогаш нема да дозволам да се судрам со моралот и етиката“, напиша Иванов на својот фејсбук профил.

Поврзани новости