Мишел: Продолжува работата кон решение за Македонија

by Фокус

На ЕУ и треба Западен Балкан и на Западен Балкан му треба ЕУ, напиша на Твитер претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, непосредно по самитот ЕУ- Западен Балкан.

Тој упати поддршка за повторно покревање на процесот на интеграција и се осврна посебно кон Македонија.

„За Северна Македонија, продолжува работата кон брзо изнаоѓање заемно прифатливо решение“, истакна Мишел.

Изјавата доаѓа откако беше откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ што требаше да се одржи по Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на која требаше да се обратат францускиот претседател Емануел Макрон, како лидер на земјата која е актуелен претседавач со ЕУ, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Прес-конференција имаа тројцата лидери на Македонија, Србија и Албанија, кои се здружени во иницијативата Отворен Балкан.

Како што истакна македонскиот премиер Димитар Ковачевски, за нас е неприфатлив францискиот предлог во оваа форма, кој беше понуден како начин за да се тргне бугарското вето за земјава и да да се деблокираат евроинтегративните процеси.

Поврзани новости