Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Сребреница, велејќи дека жртвите и неизмерната болка од нивната загуба никогаш нема да бидат заборавени.
„Денес се сеќаваме на трагедијата на геноцидот во Сребреница. Нашите срца се со семејствата и нивните најблиски кои ја претрпеа оваа неизмерна загуба. Никогаш нема да ги заборавиме“, напиша Мишел на својот Твитер профил.
Tтој додаде дека најдобар начин да се изгради подобра иднина на Босна и Херцеговина е борбата поротив поделбите.
„Борбата против омразата, негирањето на злосторствата, реториката на поделби е најдобриот начин да се изгради подобра иднина за Босна и Херцеговина и Западен Балкан“, напиша Мишел.
Во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари денеска ќе се одржи комеморацијата на 28-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, погребот и вкупно 30 идентификувани жртви на геноцидот од јули 1995 година. Најмладата жртва што ќе биде погребана годинава е момчето Елвир Салчиновиќ, кој имал само 15 години кога бил убиен.