558
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, бил принуден да се префрли во засолниште за време на неговата посета на Одеса поради ракетен напад врз тој украински град, јави германската новинска агенција ДПА.
Мишел за време на средбата со украинскиот премиер Денис Шмигаљ морале да заминат поради гранатирање на тој регион.
Мишел ја посети Одеса за да го види влијанието на руската војна врз глобалните синџири на снабдување.
Украинската армија претходно денеска објави дека четири високопрецизни ракети Оникс биле истрелани кон Одеса од полуостровот Крим, што е под руска контрола.