Лидерите на 27-те земји на Европската унија (ЕУ) не постигнаа, како што се наведува, „во оваа фаза“ договор за клучните функции на европските институции, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, по неформален самит во Брисел.
„Во оваа фаза нема договор“, изјави синоќа Мишел за новинарите, додавајќи дека одлуката се очекува на редовниот самит на крајот на јуни.
„Наша заедничка одговорност е да донесеме одлука до крајот на јуни“, рече Мишел.
Европските дваесет и седум се собраа синоќа во Брисел за да ги проценат резултатите од неодамна одржаните избори за Европскиот парламент и да го започнат процесот на распределба на главните функции на Унијата.
На изборите одржани од 6 до 9 јуни, Европскиот парламент „се пресели“ надесно и големи удари им беа зададени на водечките проевропски владејачки партии во Париз и Берлин.
На состанокот во Брисел беше повторена начелна поддршка за Урсула фон дер Лајен за нов мандат на чело на Европската комисија.
Лидерите на ЕУ ќе ги продолжат преговорите до самитот на 27 и 28 јуни.