139
Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија, но не и со Босна и Херцеговина, објави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел по состанокот на шефовите на влади и држави на Европската унија.
Европскиот совет и додели кандидатски статус и на Грузија.
„ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина кога ќе се постигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство и ја повикува Комисијата да поднесе извештај до март со цел да се донесе таква одлука“, рече Мишел по состанокот.
Тој ја оцени одлуката како „јасен сигнал за надеж за нивниот народ и за нашиот континент“.