Неспособноста на власта скапо ги чини граѓаните, според одредени информации горивата ќе се качат за плус 10 денари оваа недела, рече Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно” на Алфа телевизија.
Мисајловски додаде дека давачките на едно литро бензин е околу 43% е од 90-тина денари одат за државата. Поради тоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ пара околу 50% да се намалат тие давачки и тоа значи дека со оваа цена околу 13 денари по литар ќе биде поевтина цената.
-Но, зошто од власта не слушаат? Зошто ова треба се да се случи? Дали видовте дека неколку дена има паника на бензинските пумпи. И тоа знаете ли зошто се случува? Тоа се случува бидејќи немаат доверба во Владата, нагласи Мисајловски.
Мисајловски посочи дека од власта неколку пати веќе ги уверуваат граѓаните да не се грижат дека се е под контрола за да вчера бензинот се качи за 5.5 денари, а дизелот за 10 денари.
-Се случи ценовен шок, верувајте оваа не е цена која ќе остане. Имаше денеска една чудна изјава каде секој ден за ден ќе има изјава од РЕК колку ќе поскапува дизелот и бензинот. Јас имам некои информации дека можеби за 10 денари плус само оваа недела би пораснала. Но, јас да не ги плашам граѓаните има регулаторно тело кое што треба да излезе и да го каже сето тој, рече Мисајловски.