Се заблагодарив за поддршката на САД во процесот на модернизација и опремување на Армијата, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски по денешната средба со потсекретарката за одбранбена политика во Пентагон, Аманда Дори.
„Порачав дека остануваме целосно посветени на заедничката соработка и заедничките одбранбени цели“, изјави Мисајловски по средбата со претставниците на Пентагон.
Министерот порачал дека помошта и поддршката од САД е од големо значење во насока на зајакнување на националните одбранбени капацитети, модернизација на Армијата и исполнување на меѓународните обврски.
Потсекретарката за одбранбена политика во Пентагон, Аманда Дори, пак, како што соопштија од Министерството за одбрана, ги истакнала заемните цврсти билатерални односи, нагласувајќи ја подготвеноста за продлабочување на меѓусебната соработка, и изразила задоволство за посветеноста на земјава за модернизација и подготвеноста за справување со заедничките одбранбени предизвици.