386
Изборите треба да се одржат кога здравствените власти ќе соопштат дека пандемијата е стивната и нема да има новозаболени, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски за Канал 5.
-Здравствените власти треба да кажат дека епидемијата односно пандемијата е стивната целосно и дека може да се реазлизираат избори во Република Македонија. Ние како опозиција, особено јас навистина сакам да има избори, но здравјето на граѓаните ние пред се – изјави Мисајловски.
Тој посочува дека треба да се почека исходот од лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.
-Се шпекулира како изборите со маски, ракавици и скефендери. Но, едно е јасно, како и да се одржат изборите, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи – порача потпретседателот на ДПМНЕ.