Мисајловски: И еден од нас да остане со кодот на Македонецот и кодот на ВМРО, битката ќе продолжи

by fokus

Поранешниот министер за транспорт и врски и актуелен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, преку социјалните мрежи се огласи во врска со изгласувањето на уставните измени во Собранието. Според него Владата била инсталирана со единствена цел да го смени името. Мисајловски додава дека битката продолжува.

„ПИРЕЈОТ не може да го снема, кини го, корни го, згази го, но тој повторно ќе се издигне бидејќи ПИРЕЈОТ сме сите ние заедно.

Макар еден од сите нас да остане со кодот на македонецот и кодот на ВМРО, битката ќе продолжи со една цел, а тоа е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА.
Вашата Северна нема да донесе поголеми плати, нема да донесе подобри реформи, нема да донесе подобро здравство, економија, инфраструктура и било која друга промена за подобар квалитет на живот.
Треба РАБОТА, но оваа власт тоа ниту го умее нити го знае ниту пак сака да работи.

Целиот народ знае дека оваа власт има само една употреба, а тоа е промена на името и продажба на националните интереси, а со тоа нивната улога е завршена и искористена.

Народот никогаш на ниту една влада не им дал право за продажба на државата, народот никогаш не дал на никого легимитет да тргува со правото и идентитетот, но затоа народот е тој што казнува и суди за постапките на секој што го прелажал и му ја навредил неговата интелегенција.

ВМРО-ДПМНЕ остана на вистинската страна на историјата а тоа е на страната на Република Македонија.

Борбата секогаш ќе продолжи за ВАШАТА ЗА НАШАТА, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

ВЕЧНА ДА Е !“, напиша Мисајловски.

Поврзани новости