Мисајловски: Армијата ќе се опремува со најмодерно и најсофистицирано вооружување

by Fokus

„Очекуваме првата пратка од вкупно 42 модерни оклопни возила да пристигне во Македонија во првата половина на 2025 година. Тука се и артилериските системи „Боран“ кои согласно плановите треба да пристигнат во првиот квартал од 2025 година, а дополнително, тука е и набавката на против-воздушни системи Mistral 3 од Франција кој опфаќа лансирни механизми и ракети. Нивната испорака, согласно договорот, се очекува во втората половина на 2025 година“ рече во интервју за „Прес24“ министерот за одбрана – Владо Мислајловски.

Следната 2026 ќе биде година кога во воздухопловниот винг на Армијата ќе пристигнат и првите два нови хеликоптери.

– Имајќи превид дека пристигнувањето на разни видови на опрема се интензивира оваа година, 2026 година очекувам да биде одбележана со продолжување на овие процеси, но главно и пристигнување на првите два хеликоптери, вели Мисајловски.

Членството во НАТО ги дава посакуваните ефекти, а особено значајна е и можноста за учество на македонски компании во тендерите на НАТО.

– Како НАТО-членка, домашните компании имаат исклучителна можност за пристап до пазар кој вреди над 10 милијарди евра годишно. Придобивките се повеќеслојни – зголемени бизнис можности, зголемен извоз, нови работни места, подобрување на технолошките капацитети и зајакнување на индустријата. Сето тоа значи повисок приход за компаниите, а со тоа и на државата, вели министерот.

Според него, Македонија е безбедна и стабилна држава, и заради тоа што сме дел од колективната одбрана на НАТО, но и затоа што вложуваме многу во нашата безбедност.

– А, заедно со сојузниците ние сме целосно посветени на она што претставува камен-темелник во НАТО – членот 5 од Вашингтонскиот договор. Еден за сите и сите за еден е пораката која сите нам, 32 земји во НАТО ни дава сила да продолжиме да работиме за нашите вредности и начин на живот денеска, да биде наша реалност и утре, вели Мисајловски.

Поврзани новости