Македонската јавност беше сведок на меѓународен блам, Ковачевски нема кредибилитет да ја претставува Македонија и да ги брани националните интереси во меѓународните односи, порачуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат извинување пред целата јавност од премиерот Ковачевски и негова оставка
-Не се само понижувачки зборовите со кои Македонија беше посрамена и навредена на меѓунардона сцена пред балканските лидер и германскиот канцелар, туку што Ковачевски тоа го проследи со недоветно смеење и ододбрување. Вчера кога го претставија како премиер на Идна Западна Бугарија, ако имаше достоинство ќе реагираше во одбрана на својата држава која ја претставува и за што зема плата од граѓаните, а не без врска да се смее и радува, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ вчерашната сцена на Самитот во Солун ја соголила вистинската слика за бедотијата со која се води македонската дипломатија.
-За ваквото навредување на својата земја тој должи не само извинување туку оставка, како чин на одговорност за срамот кој се нанесе на меѓународна сцена. СДСМ е таа која должи извинување за ова поведение на Ковачевски, но тие решија тоа да го бранат, додаде Мисајловски.