Малопродажните цени на бензините и дизелот остануваат непроменти. Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да останат на ниво утврдено претходната седмица.
Малопродажната цена на Еуросупер БС-95 изнесува 69,50денари за литар, малопродажната цена на Еуросупер БС-98 изнесува 71,50денари за литар, додека малопродажната цена на дизелот 61,50 денари за литар.
Промена има кај малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) каде има зголемување за 0,50денари за литар во однос на цената утврдена со Одлуката од 22 јули 2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 денари за литар.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 и ќе изнесува 34,181денар за килограм.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,72 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за околу 0,51 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 0,71 отсто и кај мазутот намалување во просек за околу 0,63 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,03 денари за долар и е за 0,55 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.