Мирослав Јовановиќ, од коалицијата на СДСМ, гласаше воздржано за Законот за јазици

by fokus

Единствен кој не го поддржа Законот за употреба на јазици на денешната собраниска седница, е пратеникот Мирослав Јовановиќ, претседател на Српската странка во Македонија, која е дел од коалицијата на СДСМ.

При гласањето на пратениците кои припаѓаат на етничките заедници кои не се мнозинство во Македонија, гласаа 28 пратеници, 27 од нив беа „за“, а само Јовановиќ бил воздржан.

Јовановиќ на последните парламентарни избори во изборната единица 2 настапи со коалицијата на СДСМ. Тој е дипломиран машински инжинер.

Законот за употреба на јазици беше донесен со 69 гласа „за“ во отсуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку недели ја бојкотира работата на Собранието.

 

 

Поврзани новости