Со 10 прегледи во Ургентен, 10 приеми на Токсикологија и 42 интервенции на Брза Помош, здравствените власти со оценка дека ова е најмирната новогодишна ноќ на скопските клиники.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 35 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 348 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија и на ОРЛ. Тројца болни се примени на ТБЦ.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 15 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.