733
Под мотото „Правда за животните“ денеска околу 300 граѓани заедно со нивните миленици одржаа мирен протест во знак на незадоволство од новиот Закон за заштита и благосостојба на животните кој ја дозволува еутаназијата врз бездомните животни.
Од здружението „Анима Мунди“ бараат кучињата да не се дискриминираат според расата, бараат казни за сите оние што ги трујат и малтретираат животните и забрана за вршење на еутаназија врз здравите и неагрисивни единки.
Во меѓувреме, на социјалните мрежи масовно се одвива кампања со која граѓаните се противат на носењето на новиот закон.