Пратеничката на НСДП, Соња Мираковска, изјави денеска пред седницата на која треба да се гласа за отворање на уставните измени дека на самото гласање ќе се знае дали иницијативата на Владата ќе го има потребното 2/3 мнозинсто.
-На гласањето ќе видиме дали имаме 2/3 мнозинство, а ние веруваме дека тоа ќе се случи. На самиот момент на гласање ќе видиме дали тоа го има. Очекувам колегите да бидат над себе и над своите партиски интереси и да гласаат во корист на државата – рече Мираковска.
На прашање од новинарите дали се точни обвинувањата на Русија и ОМД дека САД и ЕУ вршат притисок и интервенираат во внатрешните работи на државата, Мираковска рече дека меѓународната заедница само помага да се надминат разликите меѓу власта и опозицијата.
Според неа доаѓањето на помошникот заменик државен секретар на САД, Метју Палмер, не значи притисок, затоа што, додаде таа, одлуката на носат 120 пратеници.