Со географската одредница „Северна“ пред Македонија не се менува идентитетот на Македонците, изјави пратеничката од НСДП Соња Мираковска, на денешната собраниска комисија за уставни прашања.
-Со географската одредница нема да внесеме нов идентитет. Македонците имале еден иднтитет без разлика каква додавка имало пред Македонија низ историјата. Идентитетот се состои од комплекс работи што се важни, а за нас како Македонци исклучително важен е македонскиот јазик, кој со договорот е потврден како столб на идентитетот. Потоа, идентитетот го сочинува културата, писмото, музиката… – рече Мираковски, додавајќи дека во денешно време многу е тешко да сочува идентитет доколку тој е предмет од оспорувања.
Според неа, пред референдумот требало да се изработи нов избирачки список врз принципот на активна регистрација, бидејќи, како што вели, многумина луѓе се иселени од државата.