Фокус на едношалтерскиот систем во 2022

by fokus

Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација вклучува проекти посветени директно на граѓаните и дигитализација на државната администрација, информираат попладнево од МИОА.

Интересно е што еден од проектите на кои ќе се концентираат е „Точка за услуги“ односно, принципот на едношалтерски систем. Проектот „Една точка за услуги“ беше промовиран уште во 2019 година.

Министерот Манчевски тогаш информираше дека промовирањето на  „Систем за услуги“ е само почеток на еден поголем проект за воспоставување вакви канцеларии во форма на „Една точка за услуги“ и во други градови во Македонија.

Во 2022 година ќе се фокусираме на:

  • Систем за управување со документи со документи – DMS (Поврзување на над 35 нови институции)
  • Точка за услуги (Креирање на принципот на едношалтерскиот систем)
  • Централен регистар на население
  • Нови веб-страници на министерствата (Зголемена транспарентност на институциите, полесна комуникација)

Зголемувањето на транспарентноста и квалитетот на услугите што ги дава државната администрација за граѓаните секогаш се на прво место, велат сега од Министерството.

Поврзани новости