МИОА апелира: Граѓаните неодложно да инсталираат „СтопКорона“

by Frosina Fakova
По зголемениот број на новозаразени со ковид 19, Министерството за информатичко општество уште еднаш ги повика граѓаните неодложно да ја инсталираат апликацијата „СтопКорона“.
-Во услови на разлабавување на рестриктивните мерки СтопКорона е алатка во нашите раце за намалување на ширењето на заразата. Вашата и безбедноста на вашите најблиски е најважна! Апликацијата СтопКорона , брзо и едноставно детектира доколку сте биле изложени на зараза и им дава можност на здравствените власти брзо да реагираат и да го чуваат вашето здравје и здравјето на тие коишто ги сакате. Бидете одговорни за себе и одговорни за сите кои ги сакате! Апликацијата може да ја преземете од следниов линк: http://stop.koronavirus.gov.mk/, соопштуваат од Министерството.

Поврзани новости