За демонстрантите во Белград важно е само насилството, напаѓаат полицајци кои седат мирно и го чуваат имотот на државата, рече српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ на вонредна пресконференција, најавувајќи дека ќе биде приведен секој што го прекршува законот.
-Тие сакаат да испровоцираат судир со полицијата, но полицијата реагира само кога е неопходно. Многумина прашуваат зошто се трае долго? Нејкеме да употребиме прекумерна сила. На телевизија гледаме како демонстранти фрлаат камења од 2-3 килограми, бакли, но и солзавец, а полицијата немаше наредба да им фрла солзавец во тоа време. Насилството нема да ја победи државата, излезете на избори и борете се со идеи – рече Стефановиќ, додавајќи дека насилство имало меѓу различни фракции на иницијаторите на протестите.
Министерот за одбрана Александар Вулин, пак, за Пинк изјави дека протестите се обид за пуч.