683
Владата на Република Северна Македонија денеска со почеток во 12 часот во Свечената сала ќе ја одржи седмата седница.
На седницата, министрите ќе потпишат Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, а свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата, Зоран Заев и заменик-претседателот на Владата за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.