Исфрлањето балистичка ракета на украинска територија ја докажува руската „непромислена ескалација“, објавија шефовите на дипломатиите на земјите од Г7 по средбата во Рим.
„Лансирањето на балистичка ракета со среден дострел на 21 ноември е дополнителен доказ за нејзината(на Русија) непромислена ескалација“, изјавија министрите на Групата седум индустриски развиени земји (Г7), која се состои од Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.
Русија истрела балистичка ракета со среден дострел (до 5.500 километри) на украинска територија која може да носи нуклеарна боева глава.
Тоа уследи по двата напади на Украина на руска територија со американски ракети АТАКМС и британски ракети Сторм, со дострел од околу 300 километри.
Американскиот претседател Џозеф Бајден, кој долго време одбиваше да го стори тоа, ги одобри тие напади на руска територија со американско оружје, и покрај предупредувањата од Русија, која се закануваше со нуклеарно оружје.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека конфликтот во Украина сега ги има сите знаци на „светска“ војна и предупреди дека не исклучува напад врз западните земји.