Министрите на ЕУ ги усвоија заклучоците за проширувањето, исчезна временската рамка

by fokus

Министрите на ЕУ ги усвоија заклучоците за проширувањето околу кои минатата година не можеа да постигнат консензус.

Според преставникот на словенечкото претседателство, останува европската перспектива за земјите од Западен Балкан, но конкретно кога се однесува за Македонија и Албанија, од заклучоците исчезна временската рамка која налагаше да се најде решение за блокадата на преговорите до крајот на годинава.

Словенечкиот државен секретар Гашпер Довжан одговори дека не е невообичаено да има измени во предложениот текст на заклучоците од претседателството, дека преговарачката рамка се уште не е усвоена, но се оптимисти дека ќе може да се продолжи на воспоставениот правец што е можно побргу.

Конечно „бел чад“, напиша на твитер еден од известувачите од министерскиот Совет, а заклучоците ги поздрави и еврокомесарот Оливер Вархеји кој оцени дека тие ги посочуваат приоритетите на кои ќе се работи натаму со Западен Балкан на нивниот „ЕУ пат“ (што и да значи тоа).

„Ова е важен сигнал дека проширувањето е приоритет на ЕУ“, порача Вархеји.

Поврзани новости