Петтемина министри од редовите на ДУИ денеска и формално ќе ги поднесат условените оставки во премиерот Димитар Ковачевски, кои би се активирале веднаш штом бидат усвоени уставните измени.
Вицепремиерот Артан Груби најави и дека тие како партија се подготвени да се откажат и од договорениот премиер Албанец 100 дена пред избори доколку опозицијата даде поддршка на патот кон ЕУ.
Поддршка на своите партиски колеги вчера изрази и претседателот на Собранието Талат Џафери, кој во интервју за МИА рече дека е подготвен да ги следи чекорите на своите сопартијци и би се повлекол и тој од функцијата.
Од СДСМ велат дека сега на потег е лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, кој, според нив, треба да докаже дали е за продолжување на евроинтегративниот пат Македонија.
Мицкоски, пак, е на став оставките на ДУИ не треба да се гледаат сериозно. Тој повтори дека уставни измени нема да има, како и дека единствено решение во оваа ситуација се предвремени парламентарни избори.