Министрите јадат леб од 80 денари, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Ковачевски во Влада набавува леб поскап за 30 до 100% повеќе од цената која самиот ја пропишува, односно плаќа 41,4 денари за 450 грама за белиот леб, а за белиот леб со продолжен рок плаќа нешто под 80 ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму посочуваат дека Владата не ја почитува мерката која ја донесе.

„ВМРО-ДПМНЕ уште пред една година апелираше дека ќе дојде до оваа ситуација, но Ковачевски не сакаше да го заштити стандардот на граѓаните со соодветни мерки. Со нашите предложени мерки, како што појаснуваат, ќе ги наполнеше и зголемеше стоковите резерви, ќе им помогнеше на производителите и ќе спречеше ценовен шок за граѓаните“, соопштија од партијата.

Наместо тоа, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски реши да ја поскапи струјата и дозволи цените вртоглаво да растат.

„Ковачевски ако се грижеше за граѓаните немаше да дозволи инфлација од 20% во Македонија, стандардот на граѓаните да падне, а во исто време се живо да поскапе. Затоа провидна е глумата и лицемерието на власта“, истакнуваат од партијата на Мицкоски.

Поврзани новости