„Министрите и пратениците нема да добијат повисока плата додека јас сум премиер“

by Фокус

Албанскиот премиер Еди Рама, за време на посетата на Елбасан, изјави дека платите на премиерот, министрите и пратениците не се зголемени 9 години од доаѓањето на неговата Социјалистичка партија на власт.

Шефот на владата нагласи дека нема ни да се зголемат се додека не се во можност да ја зголемат платата на граѓаните.

-Платите на министрите, на пратениците и на премиерот не им се зголемени 9 години, тоа нема да се случи додека сум јас премиер – рече Рама.

Во врска со протестот на универзитетските професори, кои бараат зголемување на платите,  Рама рече дека платата им е зголемена повеќе од другите.

-На телевизија никој не се сеќава да каже за нивото на реализираната работа и извозот. Во Албанија денес се обработува двојно повеќе земјоделско земјиште  отколку пред 7-8 години, затоа што тоа максимално го помагаме – нагласи Рама.

Поврзани новости