557
Вицепремиерот Бујар Османи најави дека министрите, замениците-министри и државните секретари кои доаѓаат од редовите на ДУИ ќе задржат минималец од платата, а остатокот ќе го донираат во фондот за борба со корона вирусот.
-Одлуката на Уставен суд мора да се почитува, но солидарноста е лично право и морална должност на секој од нас. Ние, министрите, замениците министри и државните секретари во Владата, кои доаѓаат од редовите на ДУИ, одлучивме разликата на нашите примања, над минималната плата, да го донираме во солидарниот фонд на Владата. Борбата против ковид-19 сигурно ќе ја добиеме, но важно е притоа секој од нас да излезе подобар од истата, порача Османи.