Министри контра институции: Водата во Дојран била добра за капење?!

by fokus

Водата во Дојранско Езеро е комплетно исправна за капење, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, при посетата на Медицинскиот симулациски центар. Според него таа не предизвикува опасност по здравјето на луѓето и нема потреба од никакви ограничувања.

– Детално го испитав случајот со моите соработници во Министерството. Прво, лабораториските анализи и резултатите кои се направени се точни, но ставени се во погрешен контекст. Ставени се во контекст на правила кои се одамна напуштени во Европска унија, односно направени се мерења кои се споредени со параметри кои повеќе не се применуваат, изјави Тодоров.

Инаку, Институтот за јавно здравје објави дека стои зад анализите на водата во Дојранското езеро, и нови анализи нема да се прават, доколку тоа некој не го побара, велат од институтот за дел од медиумите.

Откако туристите и локалната власт искажаа недоверба кон резултатите и продолжија да се капат и на четирите забранети плажи, од институтот додаваат,  доколку некој не верува во испитувањата што ги прави акредитирана институција како институтот, во Велес и во Скопје, нека се обрати во референтна лабораторија , велат од Институтот

Но, треба да се внимава, има протоколи, како се зема вода за испитување, од каде се зема. Кога ги правевме анализите, резултатите беа такви какви што ги прикажавме. ако е преземено нешто на теренот, може за извесно време да се добијат и други резултати. Од нас досега никој не побара да направиме нови анализи – изјави пред неколку дена Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје.

Фали го Дојран, бањај се во Грција

 

Поврзани новости