Министерството за здравство станува министерство за градежништво „Тафталиџе 2“

by Фокус

Министерството за здравство, односно министерство за градежништво Тафталиџе – 2, генерално така се од прилика распоредени кадрите во здравството, истакна во собранието Антонијо Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Предлог за здравство е докторот Фатмир Меџити, кој што ако пробате да просурфате на интернет на „Гугл“ или било која друга платформа ќе видите дека во медицинската фела е тотален анонимус, нема никакви стручни трудови, нема никакви научни трудови, нема никакви поголеми проекти кои што ги има направено во здравството. А, имал прилики бидејќи бил најдоверливиот советник на министерот за здравство во 2017-тата година на тогашниот министер Таравари – рече Милошоски.

Тој додаде дека колку се блиски Таравари и Меџити покажува и податокот дека во 2017-тата година Меџити станал претседател на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

-Дискусиите предничеле со фаворитите Фатмир Меџити и Ден Дончев, и секогаш биле донесувани позитивни одлуки за повеќе пари во приватните клиники. А, тоа наведува на сомнеж дека ваквиот голем интерес за зголемување на средствата за приватните клиники веројатно е поврзан и со некоја добивка кај господата Ден Дончев и Фатмир Меџити – рече Милошоски.

Поврзани новости