209
Министерството за здравство ќе потпише договор со единствената компанија која се пријави на тендерот за замена на компресорската станица за хируршките сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
„Донесена е Одлука за избор на најповолна понуда, со која е избрана понудата на понудувачот Винора ДООЕЛ Скопје. Договорот ќе биде потпишан во наредниот период, согласно законските рокови. Инсталацијата и монтажата на опремата треба да се изврши во рок од 4 (четири) месеци, сметано од денот на склучување на договорот, согласно објавените услови во тендерската документација и објавениот Оглас, информираше Министерството за здравство.
Ова е втор тендер за фирма за компресорската станица, кој што го распиша Министерството за здравство.