Болницата „Санте Плус“ остана без дозвола за работи, соопшти Министерството за здравство попладнево.
-Ве информираме дека по извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и извештајот за извршен стручен надзор над работата на Приватната здравствена установа “Санте плус гроуп”, утврдени се неправилности во работата на болницата во однос на кадар и опрема, по што Министерството за здравство донесе решение да ја одземе дозволата за работа на ПЗУ „Санте Плус гроуп‘‘. Во исто време, Ве информираме дека обдукцискиот наод нема да го коментираме, бидејќи е предаден во Основното јавно обвинителство кое отвори истрага за случајот со смртта на родилката од Кичево, се вели во соопштението од Министерството за здравство.