Министерството за здравство демантира дека Филипче не го пријавил имотот кај антикорупционерите

by Fokus

Министерството за здравство ја демантира информацијата дека министерот Венко Филипче нема поднесено пријава за имотот до Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Во врска со објавените наводи во дел од медиумите дека не е пријавена имотната состојба на министерот за здравство до Државната комисија за спречување корупција, информираме дека министерот за здравство, д-р Венко Филипче во целост го има запазено рокот за пријавување на имотот, односно поднесена е пријава на 25.01.2018, во рамки на законскиот рок и за тоа поседува писмен доказ – потврда за прием на пратка и фискална сметка за доставена пратка до ДКСК, со датум наведен согласно законските рокови.

Во прилог доставуваме фотографија од фискалната сметка и доставницата“ се вели во демантот на министерството.

 

Поврзани новости