83
Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски.
„Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте!“, велат од Министерството за правда.
Палевски е осомничен за убиството на Панче Жежовски од Велес и Вања Ѓорчевска од Скопје. Тој избега во Турција од каде денес е екстрадиран.