Петар Богојески од Македонски концепт во изјава за Фокус вели дека досега до него не е пристигната никаква писмена иницијатива за дисциплинска постапка, која Министерството за одбрана рече дека ја покренало поради, како што рекоа, утврдување на дисциплинска одговорност за јавните настапи на Петар Богојески врз основа на Законот за административни службеници, Кодексот за административни службеници и Етичкиот кодекс на вработените во МО и Армијата.
-Имам информации од кабинетот на Шекеринска дека се обиделе да започнат постапка против мене, но тоа било безуспешно поради реакција на колегите од МО! Дополнително сум информиран од дипломати за намерите на Шекеринска по секоја цена да ги исполни наредбите на Заев за постапки против мене. Министерката вината ја префрла на премиерот, дека станува збор за негови нарачки, а не нејзина волја. Навистина е скандал во Натовска Македонија, насилство врз државен советник за одбрана да нарачуваат докажани и апсени терористи и џихадисти од Блиски Исток!, тврди Богојески.
Тој вели дека нема да отстапи ниту милиметар од намерата да ги уништи, како што вели, криминално – терористичките келии кои го одржуваат СДСМ на власт.
К.С.Б.