Министерството за одбрана реагира на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, во која обвинија дека несоодветен кадар бил испратен на мировна мисија во Авганистан.
Реакцијата на министерството:
-По принципот “држете го крадецот” оние кои што беа прогласени за шампиони во партизацијата на сите нивоа, вклучително и на Армијата, денес се сликаат пред Министерството за одбрана и изнесуваат апсурдни наводи, па уште нарекувајќи ги изјави или прес-конференции. А зошто? Затоа што можеби го нарушивме принципот од нивно време едни исти луѓе да одат во Авганистан преземајќи ги на тој начин ризиците но и убавата заработка? Некој ваш не отишол? Најдлабоко ви се извинувам. Што, најпосле воспоставивме фер и праведен принцип за селектирање на учесници во нашите мисии, притоа почитувајќи ги процедурите.
ВМРО-ДПМНЕ најдете си друга тема. На пример, ако толку сте загрижени за одбраната, гласајте го новиот закон. Ете шанса да го покажете вашиот патриотизам. Овој закон не е за министерката Шекеринска, туку е за Армијата, за нашата одбрана, за хармонизација со НАТО. Или како и за НАТО, ќе чекате ние да ја завршиме работата, па потоа ќе се приклучите кон славењето.