Министерството за одбрана иницира поставување спомен-обележје за загинатите кај Вејце

by Fokus

Министерството за одбрана иницира поставување спомен-обележје во чест на загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија во масакарот кај селото Вејце, Тетовско.

Иницијативата е адресирана до градоначалникот на Тетово, Билал Касами и претседателот на Советот на Општина Тетово, Бесар Дурмиши.

„Заради оддавање почит кон загинатите припадници на безбедносните сили на Република Северна Македонија кои своите животи ги загубија во масакарот кај Вејце, поднесувам иницијатива согласно со член 18 од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата, Советот на Општина Тетово да донесе одлука за подигање на спомен-обележје“, се наведува во иницијативата потпишана од министерката за одбрана.

 

Поврзани новости