402
Рачно изработени лампиони со сликата од министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис, како и со слики на вработените ја украсуваат новогодишната елка во Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Министерството, на социјалните мрежи, споделија фотографии и видео не само од китењето на објектот и канцелариите, туку и од процесот на изработка на лампионите, меѓу кои и со ликот на Митаракис.
Шест минутното видео започнува изработка на лампионот со министерот под звуците на божиќната песна на Мараја Кери „All I want for Christmas is you“.