Министерството за финансии ќе продава државни хартии од вредност за 57 милиони евра

by Fokus

Министерството за финансии на Северна Македонија на 4 февруари ќе им понуди на инвеститорите државни хартии од вредност во вкупна вредност од 3,5 милијарди денари (59,2 милиони долари/57 милиони евра), објави Народната банка.

Министерството ќе понуди едногодишни државни записи во вредност од 3 милијарди денари и 15-годишни државни обврзници во вредност од 500 милиони денари на две посебни аукции, се вели во соопштението на Централната банка за аукција.

- Advertisements -

Централната банка ќе ги продава државните хартии од вредност во име на Министерството за финансии преку ограничен тендер, на кој цената и каматната стапкасе однапред утврдени, а заинтересираните наддаваат само со износи.

Поврзани новости