Министерство за здравство во Газа: Околу 2.750 луѓе загинаа во израелските напади

by Fokus

Речиси 2.750 луѓе загинаа во израелските напади во Појасот Газа, додека повеќе од 9.700 се ранети, соопшти Министерството за здравство на палестинската територија со која управува Хамас.

Израелските воздушни напади и артилерискиот оган како одмазда за нападот на Хамас на израелска територија продолжуваат во пресрет на израелската офанзива од копно, море и воздух, јавува агенцијата Франс прес.

Најмалку 1.400 луѓе загинаа, вклучувајќи 289 војници, повеќе од 3.400 беа ранети, а околу 150 луѓе беа заробени и однесени на палестинска територија во нападите на „Хамас“ кој ја проби граничната ограда меѓу Појасот Газа и Израел на 7 октомври со ракетна поддршка, јавуваат израелските медиуми.

Поврзани новости