Министерство за здравство: Лажна е веста дека починала жена од слепо црево бидејќи немало кревет на Клинички

by fokus

Од Министерството за здравство ги демантираат информациите објавени на еден интернет портал дека жена починала од слепо црево бидејќи немало слободен кревет на Клинички центар. Од Министерството велат дека се работи за лажна вест и бараат извинување.

„Информацијата пласирана под наслов „Скопјанка починала од слепо црево – немало слободен кревет во клинички“ е лажна вест и новинарски апсолутно не коректно и тенденциозно пренесено. Во текстот не е одговорено на ниту едно од петте новинарски прашања, што е базична писменост, неопходно за да се напише барем информативен текст. Не е наведено ниту место, Клинички Центар го сочинуваат повеќе од 30 Клиники, не е наведено ниту времето кога е се случил настанот. Коментарите, дека станува збор за последна жртва на здравствениот хаос се неосновани и тенденциозни“, велат од Министерството.

Поврзани новости