799
По објавата во дел од медиумите, дека Комисијата за заразни болести не препорачала отворање на границите, Министерството за здравство ја демантира информацијата.
-На состанокот на 22 јуни Комисијата за заразни болести донесе одлука за препорака за отворање на границите и таа одлука заедно со другите одлуки и препораки за отворање на економски субјекти се доставени до Владата на Република Северна Македонија, информираат од Министерството за здравство.