Министерството за правда преку соопштение за јавноста информираше за оставката на довчерашниот прв човек на оваа институција, Никола Тупанчески.
„Ве информираме дека министерот за правда Никола Тупанчески до Владата поднесе оставка од функцијата на 10.02.2023 година. Собранието ја констатираше оставката и престанокот на функцијата министер за правда на седница на 13.02.2023 година. Од 14.02.2023 година, Никола Тупанчески е во работен однос на Правниот факултет ,,Јустинијан Први”.
Барањето од Министерството за финансии за потпишување на правно мислење за еврообврзницата е примено во Министерството за правда на 15.02.2023 година. Со оглед на тоа што Тупанчески не е министер за правда од 13 февруари, тој нема право да стави потпис како министер“, велат од Правда.