Работната група за изготвување на новиот Кривичен законик е самостојна во своето работење и до сега за ниту една одредба не е вршено влијание кај претседателот или членовите, соопштија од Министерството за правда.
Оттаму, во однос на ставот на БЛУПРИНТ сметаат дека „не треба да се избрзува со постапките за предвремено излегување од работната група од причина што како што беше напоменато од страна на министерот за правда, Кренар Лога, работната група што го изготвува новиот Кривичен законик не учествувала во тие измени што се донесоа од страна на Собранието. Придонесот од граѓанскиот сектор е многу важен поради знаењето кое го има, долгогодишното искуство и вештините со кои располагаат“.
„Процесот на изготвување на новиот КЗ е целосно инклузивен и транспарентен и токму во таа насока е потребно да продолжи заради спроведување целосни реформи во казненото законодавство. Оваа обврска произлегува исто така и од Билатералниот скрининг со ЕУ за донесување на комплетно нов КЗ усогласен со меѓународните стандарди“ се вели во соопштението од Правда.