Министерство за правда не ги обештетува ослободените во „Сопот“ кои беа осудени на вкупно 150 години затвор

by fokus

Министерството за правда ги одбило осудените, а потоа и ослободени, жители на кумановското село Сопот кои беа обвинети за експлозијата во која загинаа двајца НАТО војници и еден македонски цивил во 2003 година. Осомничените беа ослободени од обвинените на почетокот на годинава кога Специјалното јавно обвинителство ги прогласи за невини, по што веднаш се постави прашањето за висината на отштетата.

Како што дознава Алсат М, поранешните осуденици во случајот Сопот викендов, од страна на Министерството за правда, добиле негативен одговор на нивното барање за надомест на штета заради неоправдана осуда.

Шестмина осудени за случајот Сопот испратија барање за обештетување до Министерството за правда, преку кое бараат 144 милиони денари или 2,3 милиони евра оштета.

Од Министерството ги упатуваат оштетените своите права да ги остварат во натамошна постапка со поднесување на тужба за надоместок на штета пред надлежен суд.

По долготрајно судење, во март 2010 година тогаш 12 обвинети беа осудени за тероризам на вкупно 150 години затвор.

Поврзани новости