Министерство за правда: Итно да се изберат нови врховни судии

by fokus

Активностите на Врховниот суд на Република Северна Македонија се позитивно нотирани во новиот Извештај за извршениот надзор на судот од страна на Министерството за правда, информиораат од Врховниот суд.

-Во Извештајот од извршениот надзор се констатира дека Врховниот суд презел бројни активности за унапредување на отвореноста, ги донел и ги применува потребните внатрешни процедури за работата на судот согласно законите и Судскиот деловник и ги има објавено сите акти од значење за работата на судот со што се дава придонес за транспарентноста во работењето, велат од судот.

- Advertisements -

Исто така, како што посочуваат, во Извештајот се нотираат иницијативите и воведувањето на нови функционалности за унапредување на АКМИС системот и дигитализацијата, измените на Деловникот за работа кои се однесуваат на отвореноста на Општите седници и реализацијата на целите и заложбите на Советот за отворено судство. Судските одлуки и актите редовно се објавуваат на веб страницата на судот, постои база на судски одлуки и не постои рачна распределба на предмети.

-Врховниот суд презема активности за унапредување на судската практика и иницирањето на нови модули во врска со конзистентноста на судските одлуки. Воедно, се истакнуваат извештаите од посетите сите пониски судови во државата и се оценува дека ваквите посети потребно е да продолжат и во иднина.
Извештајот се осврнува и на правилното работење во делот на архивирање на предметите и на опсежните активности во врска со архивскиот материјал согласно правилата за архивско работење, посочуваат од Врховниот суд.

Во извештајот на Министерството за правда исто така се истакнува и дека потребно е под итно да се изберат нови судии во Врховниот суд, со оглед дека судот подолго време е оставен без потребниот број на судии.

Поврзани новости