Министерство за правда: Има правен основ за екстрадиција на Груевски

by Fokus

Министерството за правда информираше дека постои правен основ Македонија да побара екстрадиција од Унгарија за екс-премиерот во бегство, Никола Груевски.

Барањето за екстрадиција е во подготовка и се собира потребната документација. Се очекува во скоро време да биде испратено до Унгарија.

МВР отвори две истраги за овој случај, а со нив треба да се утврди како избегал Груевски и дали некој од полицијата му дал помош.

Поврзани новости