Откако во некои медиуми беше објавено дека на војници во АРМ има била дадена расипана храна, од Министерство за одбрана преку социјалните мрежи ја негираа оваа информација и ниту еден член на АРМ не се пожалил на здравствен проблем.
„Во врска со дезинформациите за храната во Армијата известуваме дека согласно правилата, секое отстапување на продуктите од декларираниот квалитет треба да се пријави на интерно достапен телефон. Од неделата кога беше прославата на нашиот празник до денес никој нема пријавено расипана храна.
За празникот им е поделен сув оброк на сите ангажирани припадници на гардата и на оркестарот. Ниту еден од нив не се пожалил на конзервите, ниту пак е пријавен здравствен проблем по консумирањето.
Во секој случај, високите температури ја ставаат под ризик храната и токму од тие причини Министерството за одбрана има посебен телефонски број на кој може веднаш да се пријави расипана храна. Уште еднаш напоменуваме дека таков случај никој не пријавил.
Министерството за одбрана пред извесно време повлече одредена количина на храна за која постоеја сомневања дека претрпела влијание од високите температури, што е уште една потврда на заложбата дека нема да правиме компромис со квалитетот на храната. Како впрочем и со другите набавки за Армијата. Веќе имаме раскинато неколку договори кај кои не се почитувале условите за квалитет, и тоа ќе го правиме и во иднина“, велат од Министерството за одбрана.