Од Министерството за одбрана велат дека огласот за набавка на алкохол од над 81 000 евра не било ништо ново, туку контиунитет на снабдување на рестораните во Домот на АРМ, кампот „Свети Наум“ и Попова Шапка.
-Оваа набавка е за 2017 година и не претставува нешто ново, туку е континуитет на снабдување на рестораните на овие локации. Во таа насока, мораме да напоменеме дека со тоа што потребите на делегации, свечености и слично кои се дел од работата на Министерството и АРМ, се сервисираат од овие угостителски објекти, не се одлеваат средства и се прават огромни заштеди во буџетот на МО. Дополнително, со продажбата на овие алкохолни пијалоци во рестораните кои се отворени за сите граѓани на Република Македонија, Министерството за одбрана остварува и приход -стои во соопштенито.
Од Министерствотот додаваат дека медиумите треба да пласираат точни и проверени информации а не да „бркаат сензационализам”.